петък, 12 февруари 2021 г.

Љупчо Куртелов ДАЛИ И З’ШЧО

 Никола Бенин



Многу често наоѓам контрадикторности и суштествени разлики во оригиналните документи од една и нивното тумачење во официјалната македонска историографија од друга страна за највидните личности од нашето поблиско и подалечно минато, па затоа прашувам:

  1. Дали е точно дека Св. Климент и Св. Наум во Охрид од Плиска се испратени од б’лгарскиот кнез Борис Први?
  2. З’шчо византискиот цар Василиј Втори после победата над Самуил е наречен Вулгароктонос (Б’лгароубиец)?
  3. З’шчо Иван Владислав, последниот владетел на Самуиловото царство, на камената плоча пронајдена во Битола напишал: ‘’Јас Иван Владислав б’лгарски цар …’’?
  4. З’шчо византиските хронисти спомнуваат дека Петар Делјан 1040 година во Скопје подигнал востание на б’лгарите?
  5. З’шчо првата печатена книга на народен јазик во Македонија од кичевчанецот Јоаким Крчоски ‘’Повест ради страшного и второго пришествија Христова’’, отпечатена 1814 година во Будимпешта е напишана според авторот на ‘’Простејши јазик болгарски’’?
  6. З’шчо Кирил Пејчинович от Теарце замонашен во Марковиот манастир, 1802 година за својата книга ‘’Огледало’’ вели дека ја создал за просветување на б’лгарскиот народ и затоа ја напишал на ‘’препростејшим и не книжним јазиком болгарским’’?
  7. З’шчо Теодосиј Синаитски од Дојран во својата печатница во Солун 1838 година ја отпечатил својата прва книга ‘’Началное учение с молитви утренија на славјано-болгарски и гречески’’? Во текот на 1840 година во предговорот на книгата од Кирил Пејчинович ‘’Утешение грешним’’, Теодосиј Синаитски пише дека книгата е напишана ‘’во простиј јазик болгарски Долнија Мизии, скопскиј и тетовскиј’’. Пак з’шчо?
  8. З’шчо Јордан Хаџиконстантинов Џинот роден 1810 година во Велес во едно писмо публикувано во ’’Цариградски вестник’’ бр. 44 од 1851 година вели: ’’Не е честно да творим зло и лукавство, прави болгарин не лажи, не завиждуе, не денгубие, не лицемерствуе, не блудуе, за печена кокошка верата не разменуе. Болгарин чремерно ради, оре, сее, торгуе, воинствуе, верност има гостољубие. Ради това аз сам болгарин и моето благородно болгарство не ме допушта да не бидам добар. Не е честно мене болгарину да отчајвам и да враштам зло за зло’’?
  9. З’шчо браќата Миладиновци со финансиска помош на Јосип Јурај Штросмаер 1861 година во Загреб ја издаваат ’’Б’лгарски народни песни од Македонија’’? З’шчо Константин Миладинов во писмото до Штросмаер му благодари во името на б’лгарите од Македонија?
  10. З’шчо охриѓанецот Григор Прличев кога го прима ловоровиот венец во Атина од председателот на комисијата Рангавис, на прашањето: ’’Националност’’, одговара: ’’Б’лгарин’’? И уште ова за Прличев: Наклеветен е од грчкиот владика Мелетиј и турските власти го затвораат на 27.11.1868. година. Лежи во охридската зандана заедно со двете деца на сестра му. Кога кајмакамот му вели: ’’Остави го болгарскиот јазик и одма те ослободувам’’, Прличев одговара: ’’Подобро смрт’’!
  11. З’шчо нашиот преродбеник, велешанецот Рајко Жинзифов, во списанието ’’Братски труд’’ во Москва 1862 година ја објавува следната стихотворба:

За народност и за правина

За баштина, за мајчин јазик

Охрид и Трново вече дали вик

Македонија, чудна страна

Нема да бидит грчка она!

Живо, мртво на свои крака

ќе станит , ќе дадат ответ

На цела Европа и на цел свет

Ја б’лгарка сум, б’лгарин сум ја

Б’лгаре живејат в таја страна!

  1. Дали е точно дека Крсте Мисирков, човекот кој што е избран за личност на 20-тиот век за Македонија, го напишал следново писмо (извадок): ‘’Србија владее земјата и телата на Македонците, душите пак се в Б’лгарија и с Б’лгарија’’? Да, точно е. Писмото е напишано на 30.01.1915. година во Кишинев и упатено до Стефан Бобчев.
  2. Дали е точно дека нашето славно ВМРО основано на 23. Октомври 1893 година во Солун, првобитно е наречено БМОРК (Б’лгаро македоно-одрински револуционерен комитет)?
  3. З’шчо Јане Сандански во интервју дадено во Солун 1908 година на Бранислав Нушиќ, тогашен дописник на белградска ’’Политика’’ му вели дека по националност е б’лгарин?
  4. Дали е точно дека апостолот Гоце Делчев во писмото упатено до Никола Малешевски на 05.01.1899. година пише: ‘’Дејствително жалко е, но што можем да правим когато си сме б’лгари и всички страдаме од една општа болест!’’?

Другите ‘’дали’’ и другите ‘’з’шчо’’ во друга прилика.

Автор: Љупчо Куртелов, Трибуна Македония, 08.02.2021

Линк: https://tribuna.mk/dali-i-z-shcho/

Няма коментари:

Публикуване на коментар